Инвестиции во приватниот сектор

 Почетна / Услуги / Инвестиции во приватниот сектор
Инвестиции во приватниот сектор

Во својство на компанија која веќе е вклучена во Меѓународниот Регистер на Европската Комисија, на се поголемиот број на меѓународни проекти во Македонија, Авто Гас Консалтинг продолжува да ја докажува својата ефикасност при обезбедувањето на значајна помош при олеснувањето на присуството на странски компании и бизниси во државата. Тоа ни овозможи да развиеме особено разбирање на методите за развој на приватниот сектор .


Авто Гас Консалтинг на располагање има ресурси и капацитет да учествува во странски инвестиции како партнер во заеднички потфати на проекти со висока стапка на изведливост.

Позначајни европски програми се:

  • - HORIZON20 програмата
  • - COSME програмата
  • - ECAS програмата

Имаме беспрекорна репутација за преземање на целиот правен процес при регистрација на компании, отворање на жиро сметки на странски компании и проекти финансирани од странство, водење на имотно правна постапка за трансформација на земјиште , подготовка и поднесување на докумнти до државните агенции и органи, советување за можни стратегии за склучување на договори и тендери со коишто најдобро ќе се искористи вклучувањето на приватниот сектор, итн. Сето ова е надополнето со многу услуги како што се воспоставување на седиште на компанија преку обезбедување на простории, барање на вработени, набавка на целата потребна телекомуникациска и канцелариска опрема, мебел и канцелариски материјал.

Нашата експертиза ги покрива следните области:

  • - Разбирање на меѓународни проекти, како и разбирање на одлуките на инвеститорот
  • - Препознавање на целните сектори и компании и како да се избере и да му се пристапи на потенцијален инвеститор
  • - Користење и развој на студии на сектори
  • - Регионална соработка во пронаоѓање на инвеститори
  • - SWOT анализа и бенчмарк на пронаоѓањето на инвеститори
  • - Вовед во комуникацијата со инвеститори, принципи на комуникацијата на инвеститорите и градење на имиџ
  • - Употреба на промотивни алатки за привлекување на инвеститори
  • - Грижа по инвестирањето и следење на странски инвеститори
  • - Промоција на инвестиции (домашни и странски) итн. Тоа го стекнувате со вклучувањето во нашата мембер заедница односно со членување во нашата Компанија
  • - Изработка на студии, програми и бизнис планови
  • - Професионална обука на работодавачите во процесот на менаџирање

Брзиот развој на економските текови сe повеќе ги поттикнува компаниите да ангажираат надворешни стручни кадри од различни области. Avto Gas Consalting за тие потреби, повеќе се вклучува во контролата и развојот на компаниите во Република Македонија. За тие потреби изработуваме студии, програми и бизнис планови врз основа на кои ќе се утврди начинот на развој на компанијата, како и начинот за контрола на нејзината успешност.

  •   ул. 15 Мај бр.28,
         2400 Струмица,
         Македонија
  •   +389 70 253 457
  • info@ag-consalting.com

За АГ Консалтинг

АГ Консалтинг е самостојна компанија во приватна сопственост којашто дејствува во областа каде се вкрстуваат јавниот и приватниот сектор.


Прочитај повеќе

Пронајдете не на Facebook